Кети Пери и Орландо Блум / Фото: Mert Alper Dervis / AFP / Profimedia

ВИДЕО | По веста за разводот, Кети Пери и Орландо Блум заедно уживаат на јахтата на Безос во Италија

Кети Пери и Орландо Блум покажаа дека и по раскинувањето успешно функционираат како родители. Имено, поранешните партнери повторно се сретнаа и се дружеа заедно со нивната четиригодишна ќерка Дејзи минатиот викенд во Италија.

Пејачката беше видена во црно бикини на јахтата од 500 милиони долари, во сопственост на Џеф Безос. Блум, исто така, беше облечен лежерно, а имаше и емотивен момент кога ја зеде малата Дејзи и ја бакна во образ, додека Кети гледаше со насмевка.

Освен што уживаа на јахтата со Безос и неговата сопруга Лорен Санчез, поранешниот пар се прошета на Капри со нивната ќерка и заедно јадеа сладолед. Нивното однесување јасно покажува дека нивната ќерка им е приоритет, и покрај тоа што официјално се разделија, пишува „Пејџ сикс“.

Да потсетиме дека Кети и Орландо неодамна го потврдија разводот преку своите претставници, нагласувајќи дека ќе продолжат да се гледаат поради нивната ќерка и дека нивната цел е да ја одгледаат во љубов и стабилност.

Тие се во врска од 2016 година, со повремени паузи, а ја добија Дејзи во август 2020 година. Проблемите во врската станаа очигледни во јуни, за време на турнејата на Кети во Австралија, по што Орландо отиде сам на гламурозната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција.

Кети и Лорен се блиски пријателки, а пејачката претходно присуствуваше на нејзината моминска забава во Париз, еден месец откако заедно полетаа во вселената.

Иако разделбата е официјална, двајцата остануваат поврзани преку заедничко родителство и почитувачки однос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот