ВИДЕО: Пароли од протестите во Иран се појавија на Ајфеловата кула

Фото: Твитер

На Ајфеловата кула во Париз денеска беа објавени пароли од иранските протести во знак на солидарност со жените кои се борат за поголеми права во таа земја.

Некои од главните слогани на протестите во Иран – „Жена. Живот. Слобода.“ и „#СтопЕкзекуцииВоИран“ – се појавија на прочуената кула во француската престолнина, четири месеци откако избувнаа жестоките протести поради полициското убиство на 22-годишната Иранка Махса Амини. Таа почина во притвор, откако беше уапсена од иранската „морална полиција“ поради тоа што неправилно ја носела шамијата на главата, која во земјата е задолжителна за жените на јавни простори. Смртта на Амини предизвика бран од насилни антивладини протести ширум Иран, во кои досега загинаа стотици луѓе, а илјадници беа уапсени и се соочуваат со затвор и дури со смртна казна.

Минатата недела Франција повика ирански дипломат на разговор поради егзекуцијата на британско-ирански државјанин во Иран, кој беше обвинет за шпионажа и експресно осуден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот