Фото: Wikimedia Commons

ВИДЕО | „Ова е приватен имот, а не нејзин стан!“: Вистинскиот сопственик на станот на Кери Бредшо го изгуби трпението и ги избрка обожавателите!

Не постои обожавател на серијата „Сексот и градот“ кој не посакал да биде Кери Бредшо барем еден ден. Или барем во нејзиниот стан на Апер Ист Сајд. Во реалноста, имотот се наоѓа во Вест Вилиџ и е една од најпопуларните локации на Менхетен во Њујорк. Не би било претерување ако го наречеме глобална туристичка атракција. Меѓутоа, на сопствениците им е преку глава од туристите…

Фото: Wikimedia Commons

„Приватен имот“, „На посетителите приодот им е забранет!“… Предупредувањата пред влезот на најпознатата зграда на Апер Ист Сајд, една од зградите од кафеави камења во низата на улицата Пери број 64, треба сериозно да се сфатат. Обожавателите на култната серија „Сексот и градот“ добро ја знаат адресата на која живеел еден од главните ликови. Станот на Кери Бредшо (која ја глумеше Сара Џесика Паркер) е една од најголемите атракции на Менхетен, и навистина во цел Њујорк, но од неодамна туристите повеќе не можат да се фотографираат на познатите скали.

Имено, сопствениците на недвижностите испратиле барање до градот со молба да се постави железна ограда пред зградата. Со оглед на фактот дека станува збор за историскиот кварт Гринич Вилиџ, кој постои од 1866 година, неопходна е дозвола за секаков вид на работа.

Дозволата е добиена во јануари, на голема радост на еден постар пар кој е сопственик на зградата од 1978 година, пишува „Дејли мејл“. Очигледно им е преку глава од вревата и хаосот што секојдневно го создаваат ордите обожаватели кои прават селфи и други фотографии под прозорците.

Фото: Wikimedia Commons

Дури и Сара Џесика Паркер лично да се појави на влезот, со целата екипа на серијата, тие не би можеле да одат понатаму.

Сопственикот на станот бурно реагирал кога пред неколку дена се собрала група жени со намера заедно да направат селфи. Тој се појавил на вратата и ги замолил да си заминат. Иако тоа го направил на најљубезниот можен начин, ситуацијата не била пријатна. Сцената, снимена од случаен минувач, брзо стана вирална.

@codigonuevo La actriz Rachel Zegler se estrena como la nueva Blancanieves en el ‘live action’ de la mítica película que llega a los cines esta semana. Y tú, ¿qué opinas? ?Hot News by @jose.rubiooo ♬ sonido original – Código Nuevo

 

„Ова е приватен имот, а не станот на Кери Бредшо. Се трудам да не реагирам бурно, но понекогаш луѓето ја преминуваат границата. Ви посакувам убав ден”, се слуша како вели тој на снимката.

Потегот на сопственикот наиде на одобрување, барем како што можеше да се прочита во коментарите на различни портали.

„Целосно го разбирам. Секој ден истата приказна“, „Зошто луѓето се толку опседнати со домовите на измислените ликови?“, „Никој не ја почитува приватноста, срамота“…

Фото: Wikimedia Commons

Како што неговата сопруга навела во молбата за поставување на оградата, посетителите знаат да бидат навистина напорни и непријатни: се качуваат на оградите, лежат на скалите, зјапаат низ прозорецот, се обидуваат да влезат, ѕвонат на домофон ноќе… Сопствениците нашле и графити покрај вратата, издлабени иницијали…

Но, како да прошетате низ овој дел од Менхетн и да го заобиколите станот на Кери Бредшо?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот