Фото: Профимедиа/Flickr

ВИДЕО | Островот на кој Роберт Опенхајмер побегнал од својот изум: Живеел како мигрант до својата смрт

Славниот режисер Кристофер Нолан во својот последен филм „Oppenheimer“ го прикажа ликот на славниот и контроверзен физичар, создавајќи навистина антологиско дело во кинематографијата.

Новиот биографски филм го расветлува издигнувањето и падот на „таткото на атомската бомба“ Роберт Опенхајмер. Меѓутоа, малкумина знаат дека поголем дел од своите последни денови тој ги поминал како карипски мигрант на еден малечок остров, во целосна осаменост.

Роберт Опенхајмер бил американски физичар и најважна личност во проектот „Менхетен“, американска програма за развој на атомски бомби. Во текот на Втората светска војна на него работеле околу 150.000 луѓе, а целта била да се запре Германија, односно да заврши војната.

Остров Сент Џонс, Gibney beach/Фото: Wikimedia Commons

Во филмот, еден од најдобрите во последните неколку години, до детаљ се опишува не само Опенхајмер туку и сите околности и контроверзи поврзани за тоа време, почнувајќи од војната, комунизмот и атомските бомби кои го најавија новиот светски поредок.

Додека Опенхајмер јавно се борел со моралните последици на својот „производ“ по војната, малкумина знаеле дека политичките последици што следувале многу длабоко влијаеле на неговиот личен живот.

Токму поради тоа, осудите од јавноста и грижата на совест, тој многу време поминал криејќи се на малиот оддалечен остров Сент Џон. Тука живеел од 1955 година речиси до својата смрт во 1967 година.

Денес, имотот од два хектари каде физичарот живеел во скромна куќичка е јавно земјиште. Парцелата е позната како „Плажата Опенхајмер“ (Oppenheimer Beach), наведува Би-би-си. Тука живеел во скромна колиба, далеку од светот и очите на јавноста, далеку од самиот себе.

Иако не се појавува во повеќето туристички итинери, островот редовно се рекламира како една од најдобрите плажи на Девствените острови и една од најдобро чуваните тајни.

Слично на тоа, малку е позната приказната за тоа како Опенхајмер од херој станал негативец до карипски мигрант, а сето тоа нуди фантастичен увид во животот на еден од најпознатите американски научници и островот кое на крајот и ги обликувал неговите последни денови од животот.

„Barbie“ руши рекорди: Заработи 155 милиони долари, двојно повеќе од 80-те милиони на „Oppenheimer“

Пожртвуваноста на Kилијан Марфи: За „Oppenheimer“ научил 30.000 зборови на холандски јазик во еден викенд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот