фото: EPA-EFE/MANUELA SOLDI

ВИДЕО | Оклахома на чекор до титулата во НБА лигата

Кошаркарите на Оклахома ја совладаа Индијана со 120:109 на домашен терен и поведоа со 3:2 во финалето на НБА лигата.

Оклахома до победата ја предводеше Џејлен Вилијамс, кој постави нов личен рекорд во плејоф натпреварите со 40 поени. Тој исто така забележа шест скокови, четири асистенции и една украдена топка.

По него следуваше Шеј Гилџес-Александер со 31 поен, 10 асистенции и две украдени топки. Арон Вигинс со 14 и Кејсон Волас со 11 поени исто така беа двоцифрени. Лу Дорт и Чет Холмгрен постигнаа по девет поени, а вториот комплетираше дабл-дабл со 11 скокови.

Кај играчите на Индијана се истакна Паскал Сиакам со 28 поени, шест скокови, пет асистенции, три украдени топки и две блокади.

Тајрис Халибартон го заврши натпреварот со само четири поени, сите од линијата за слободни фрлања – 0/2 за два, 0/4 за три, 4/4 слободни фрлања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот