Шкупи одигра храбро на „Максимир“ за реми против Динамо Загреб/Фото: facebook.com/fcshkupi1927

ВИДЕО: Одличниот Шкупи ремизираше на „Максимир“ против Динамо Загреб

Иако пред стартот на натпреварот сите го сметаа Шкупи за голем аутсајдер и дека Динамо Загреб само рутински ќе ја одработи задачата, играчите на Гоце Седлоски се надминаа себеси и го напуштија „Максимир“ непоразени, одиграа нерешени 2:2.

Овој резултат не мора да значи ништо, бидејќи потсетување не важи повеќе правилото „гол на гости“, па ова е само убава најава и продолжување на возбудувањата од овој двомеч на реваншот кој е закажан за 26 јули на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје (21.00 часот).

Шкупи има убава можност на домашен терен со поддршката која ќе ја има од трибините да се најде во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, и доколку ја оствари таа цел, воедно би имал и сигурен плеј-оф во Лига Европа, како и групна фаза во Лига на конференции.

На дуелот во Загреб водеше македонскиот првак со голот на Куевен во 25 минута, па непосредно пред паузата израмни нашиот репрезентативец Адеми.

Во вториот дел Петковиќ донесе предност за Хрватите во 86 минута по асистенцијата на Адеми, а само 180 секунди подоцна за нов егал се погрижи интернационалецот од Јамајка, Реналдо Сефас. Кај домаќините од 77 минути настапи Стефан Ристовски.

Лига на шампиони
2. квалификациско коло, прв натпревар

Динамо Загреб (Хрватска) – Шкупи (Македонија) 2:2

Шкупи: Наумовски, Брдаровски, Абдула, Маргвелас, Шеји (Тимовски 69`), Куевен, Сенгхор, Алварез (Сефас 87`), Хамиди (Горгиев 69`), Данфа (Трапановски 80`), Адетунџи (Адеми 87`)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GNK Dinamo (@gnkdinamo)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Football Club Shkupi (@fcshkupi1927)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот