Фото: EPA-EFE/MICHELE MARAVIGLIA

ВИДЕО | Одбрана на колото во ЛШ: Статистиката покажува дека ништо не е случајност

Голманот на Арсенал, Давид Раја, имаше одлична вечер во која беше херој на својот тим со одличната двојна одбрана при пеналот на Ретеги.

Раја прво го одбрани ударот од 11 метри на фудбалерот на Аталанта, а потоа уште подобра беше одбраната по одбиената топка.

По натпреварот, Раја истакна дека тоа не е неговата најдобра одбрана во кариерата, но дека е помеѓу најдобрите три.

„Одбраната беше неверојатна. Можеби не најдобра во кариерата, меѓутоа беше во топ три“, изјави Раја по натпреварот.

Статистиката покажува дека одбранетиот пенал на Раја не бил воопшто случајност бидејќи во последно време тој одлично брани пенали.

Имено, од последните oсум удари од белата точка, Раја одбранил дури четири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот