
ВИДЕО | Објавен новиот емотивен документарец на Џенифер Лопез: Таа во солзи, а Бен Афлек никогаш поискрен за алкохолизмот
Излезе долгоочекуваниот документарен филм на Џенифер Лопез, „The Greatest Love Story Never Tell“, кој го следи развојот на нејзината врска со Бен Афлек. Емотивниот документарец раскажува приказни за живописниот љубовен живот на Џенифер и детално ги прикажува нејзините минати врски и бракови, каде се појавуваат голем број познати лица.
Препорачано
Во документарецот, 54-годишната Џеј Ло споделува сурови и емотивни сознанија за нејзината врска со Бен (51), во еден момент во солзи опишувајќи колку е „трогателно“ да го изнесе пред Бен нејзиното вистинско јас.
Се чини дека отвореноста и ранливоста пред камерите го поттикнаа и актерот да се отвори за својот проблем со пиењето.
„Тешко е да се гледа некој, чиј професионален живот е исклучително успешен и кој, знаете, на Инстаграм изгледа како да го живее најсреќниот живот на светот. Она што го откривате, како и со алкохолот, е дека нема доволно алкохол во сите продавници за алкохол во светот за да ја пополнат таа празнина“, вели Афлек, пренесува „Мирор“ (The Mirror).
Афлек неколку пати се лекуваше на рехабилитација, а сега, како што пренесуваат медиумите, се чувствува добро и покрај тоа што ваму-таму прави неколку грешки.
Тој додаде дека Џеј Ло се чувствува исто.
“Џен се чувствуваше емотивно запоставено како дете. Во нејзиниот случај, мислам дека нема доволно придружници, филмови или песни за да го смират тој дел од неа”, објасни тој.