фото: Levin Anneler

ВИДЕО | Новиот македонски репрезентативец Растодер прогласен за играч на колото во Швајцарија

Денеска селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија и квалификацискиот меч за Светското првенство 2026 против Лихтенштајн.

На списокот има двајца дебитанти, Решат Рамадани од редовите на ФК Шкендија со која бележи успешни игри и резултати, како и Елмин Растодер, моментно член на швајцарскиот клуб Тун.

Растодер, роден во Вецикон, Швајцарија, има 23 години и игра на позицијата напаѓач. Од 2019 до 2022 година настапуваше за вториот тим на Грасхоперс со 48 настапи и 19 голови, а за првиот тим запиша девет настапи. Со првиот тим на Грасхоперс во сезоната 2020-21 беше првопласиран во втората швајцарска лига.

Од 2022 до 2024 година играше на позајмица во Вадуц со вкупно 46 настапи и осум голови. Со Вадуц во сезоната 2022-23 дојде до пехарот во Купот на Лихтенштајн. Лани, поточно на 3 јуни 2024 потпиша договор на три години со Тун.

Минатата сезона, сега со Тун беше шампион во втората лига на Швајцарија (28 настапи, пет голови) и клубот се врати во елитата.

Новата сезона 2025-26 почна одлично за тимот на Тун, четири победи на сите досегашни дуели, за моментно прво место со 12 бодови. На последниот дуел поточно во четвртото коло Растодер го постигна првиот гол во убедливата гостинска победа на Тун над Цирих (4:0).

Беше еден од четворицата номинирани за играч на колото во швајцарската Супер лига. Според гласовите на навивачите, нашиот нов репрезентативец беше прогласен за најдобар играч на колото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот