Фото: Твитер/принтскрин

ВИДЕО: Нова узбуна во Истанбул, гореа автомобили во квартот Фатих

Само два дена по терористичкиот бомбашки напад во центарот на Истанбул во кој загинаа шестмина луѓе, во турската метропола вечерва се случи нова узбуна.

На социјалните мрежи и во некои медиуми веднаш се пронесоа информации дека се случил нов терористички чин, но тие набргу беа демантирани од локалната противпожарна служба, која соопшти дека се запалил автомобил во движење, а пожарот потоа се проширил и на две други возила.

Огнот е изгаснат по околу половина час, а во пожарот нема повредени. Се истражуваат причините зошто автомобилот се запалил, пренесе агенцијата „Тренд“.

Фото: Твитер / Ragip Soylu

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат трите автомобили кои горат во квартот Фатих.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!