Фото: John Angelillo / UPI / Profimedia

ВИДЕО | Њујорчани си земаа парчиња од новогодишната топка која се спушта точно на полноќ за Нова година на Тајмс Сквер

Оваа година, њујорчани се поканети да помогнат во подготовките за новогодишната забава на Тајмс Сквер. Топката тешка речиси 6 тони што паѓа од врвот на Тајмс Сквер е покриена со 2.688 кристални триаголници – и сите тие треба да се заменат.

Во четвртокот, на 19-ти декември, посетителите можеле да помогнат во размената на кристали и да однесат дома парче од топката како спомен, пренесува „Си-би-ес“.

Секоја година од 2000-та до 2023-та година се воведуваше нов кристален дизајн заедно со тема како „Надеж за мир“, „Нека има радост“ и „Подарок на добрина“. Најновиот дизајн, од 2023 година, претставуваше „Подарок на љубовта“.

На настанот во четвртокот, главниот службеник во градот Њујорк, Џастин Риверс, однесе дома кристал од 2022 година, „Подарок на мудроста“ (бидејќи е полн со мудрост од Њујорк).

Два нови дизајни се врежани во кристалите за овогодинешната предновогодишна топка. Дизајнот од 2025 година има долги линеарни резови со круг блиску до врвот. Овие симболи ја претставуваат иконската зграда и столбот по кој топката се лизга надолу секоја новогодишна ноќ на полноќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот