
ВИДЕО | Никогаш не сме го виделе принцот Вилијам во вакво издание: Kако реагираше на „кучешки бакнеж“
Принцот Вилијам обично го гледаме во темни одела и вратоврски во иста боја, но ова појавување беше изненадување. Иако ја задржа својата елеганција, принцот Вилијам се опушти и пристигна на снимањето на емисијата „The ReluctantTraveller“ облечен во темен џемпер, темно сини панталони и сина јакна со копчиња.
Препорачано
@hellomag🐾 Orla deserves her OWN episode. Who’s with us?! 🐶✨ New teaser for The Reluctant Traveler just dropped and we’re 👀🍿 … TOMORROW can’t come fast enough!!
Иако покажал порелаксиран став со рацете во џебови, неговата претходно непозната особина ја открил еден посебен член на кралското семејство – кучето Орла.
Орла е семејното куче на принцот и принцезата од Велс и нивните деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис. Овој четириножен член на кралското семејство редовно се појавува на официјални фотографии, а често е претставен и во кампањи како што е Националниот ден на домашните миленици на официјалниот Инстаграм профил на Велс.
Видео објавено на профилот на TикТок на списанието „Hello!“ покажува како принцот се однесува во друштво на своето милениче. Дури и идниот крал ја спуштил гардата во друштво на својот најдобар пријател, а овој пат Орла дури и го „бакнала “ сопственикот.