Фото: EPA-EFE/Martin Divisek

ВИДЕО: Невиден скандал во Дијамантската лига во Монако

Неверојатен пропуст се случи вечерва на трката од Дијамантската лига во дисциплината 3000 илјади метри со препреки.

Организаторите во Монако направија огромна грешка што го чинеше победа на кенискиот атлетичар Бенџамин Киген кој имаше одлична трка, иташе кон триумфот, но сè беше уништено од организаторите со неверојатна грешка.

Организаторите направија превид, со ѕвончето предвреме беше означено дека трката влегува во последниот круг. Киген тргна да финишира, и во моментите кога мислеше дека триумфирал уште еднаш го слушна ѕвончето за последен круг, а самите организатори му сугерираа дека всушност во тој момент треба да започне последниот круг.

Организаторите сфатија дека погрешија, Киген веќе беше истрошен и назадуваше постепено во генералниот пласман.

На крајот, кенискиот атлетичар заврши дури на седмото место. Победата ја обезбеди Ламеча Гирма од Етиопија со најдобро време во сезоната (8:07,75 мин.).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот