
ВИДЕО | Невеста од Нови Сад се приклучи на протестите по нејзината венчавка: Го фрли бидермаерот и праша – „Која нобеловка е следна?“
На студентските протести во Србија секојдневно се случуваат интересни и емотивни сцени, па меѓу другото имаше дури и фрлање бидермаер на Варадинскиот мост во Нови Сад.
Препорачано
Имено, невеста од Нови Сад по нејзината свадба одлучила да се приклучи на протестите и се појавила на блокадата на Варадинскиот мост, решавајќи да го фрли бидермаерот пред насобраните граѓани и студенти.
Со оглед на тоа што студентите од Србија станаа кандидати за овогодинашната Нобелова награда за мир, младата жена решила да испрати и симболична порака со знакот што го носела. На знакот пишувало: „Која нобеловка е следна?
Видеото од нејзиното фрлање на бидермаерот кое се прошири на социјалните мрежи и одлуката да се приклучи на протестите по венчавката наиде на голем број позитивни коментари.
„Ја имате најдобрата свадба во целиот универзум“; „Дали некој имал повеќе сватови досега. Браво“; „Ова е во нашата ДНК да бидеме позитивни, насмеани, духовити и енергични, но политичарите нè претворија во сосема спротивно“, беа дел од коментарите.
За потсетување, поминаа три месеци од уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, кога студентите решија да го изразат своето незадоволство со организирање на протест.
View this post on Instagram