
ВИДЕО | Несекојдневна глетка: Ја реновирале куќата, па нашле купишта плишани играчки во ѕидовите
Тиктокерот Конор Нијсе и неговата сопруга при реновирањето на својата куќа отстранувале дел од ѕидот во столарската работилница и наишле на бизарно откритие.
Препорачано
Имено, Конор и неговата сопруга живеат на островот Ванкувер во близина на западниот брег на Канада, а во видето кое стана вирално на ТиКТок објасниле како ја купиле куќата пред една година.

„Куќата ја поседуваме веќе една година и полека ја реновираме. Ова беше еден од последните ѕидови од гаражата“, објасниле тие во коментарите под видеото каде покажаа купишта плишани играчки што ги нашле во ѕидовите.
Шарената колекција на плишани играчки ги изненади сопствениците но и следбениците на ТикТок, а видеото стана вирално и собра 3,4 милиони прегледи.
Луѓето напишале во коментарите дека не можат да поверуваат што пронашле сопствениците, а некои забележале плишани играчки од нивното детство и им понудиле да ги купат.

„Би го купил тоа кафено плишано мече долу десно! Мојот пријател има едно веќе 40 години и е прилично истрошено, а јас се обидов да го поправам безуспешно“; „Овие играчки вредат стотици долари“; „Дали јас сум единствениот што жали за плишаните животни? Кога бев мал верував дека тие имаат чувства и ја заслужуваат мојата љубов и почит. Се надевам дека нема да бидат фрлени во ѓубре“, се дел од коментарите.
Откако го споделија своето необично откритие, парот во следното видео покажа и како ги извадиле плишаните играчки од ѕидот и ги ставиле на маса.
„Користеле играчки за изолација. Дали препознавате некоја од вашето детство?“, напишале покрај видеото.
@c.c.woodwork Things you find… Part 1 #stuffedanimals #beaniebabies #reducereuserecycle ♬ original sound – Connor Nijsse
@c.c.woodwork Part 2 – 110 stuffed animals used as insulation #stuffedanimals #renovatingourhome #fthisfarm ♬ MILLION DOLLAR BABY (VHS) – Tommy Richman