Меланија и Доналд Трамп на парадата / Фото: Mandel NGAN / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Непријатна сцена: Меланија и Доналд Трамп фатени во расправија додека тој покажува со прст кон неа

Ова не е прв пат брачната врска на двојката да привлече внимание од јавноста.

Претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама на САД, Меланија Трамп, беа снимени како водат најверојатно непријатен разговор во претседателскиот хеликоптер „Marine One“, при што претседателот на САД покажуваше со прст кон својата сопруга.

Видеото е направено во средата, додека двојката се враќала од сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Во еден момент, 79-годишниот претседател покажал со прст кон Меланија (55) додека седеле еден спроти друг. Видеото завршува со нив како излегуваат од хеликоптерот и заедно одат низ Јужниот тревник на Белата куќа, држејќи се за раце.

Ова не е прв пат брачната врска на двојката да привлече внимание од јавноста. На почетокот на оваа година, Трамп се осврна на видео во кое Брижит Макрон го турка својот сопруг, францускиот претседател Емануел Макрон. Потоа новинарите го прашаа дали има некаков брачен совет за светските лидери, на што Трамп, кој бил во брак три пати, се насмеа и одговори:

„Само осигурајте се дека вратата е затворена“.

Двојката се соочи и со низа проблеми на Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН). Трамп изјавил дека тој и Меланија биле жртви на „тројна саботажа“ – скали на кои, тврди тој, можеле да паднат и да се повредат, неисправен телепромптер и лош звук за време на неговиот говор.

„Вистинска штета! Неверојатно е што Меланија и јас не паднавме по тој ескалатор. Се држевме за рачките, инаку ќе беше катастрофа“, напиша Трамп, додавајќи дека вработените во ОН наводно ја саботирале опремата за да му се потсмеваат.

Тој, исто така, се пожали дека неговиот говор бил едвај чуен без слушалки за симултан превод.

„Првата личност што ја прашав по говорот беше Меланија. Таа рече: „Не слушнав ни збор“.

ОН, сепак, објасни дека ескалаторите автоматски застанале поради безбедносен механизам кој, според наодите, бил активиран од снимателот на Трамп додека тој одел наназад. Телепромптерот, потврдија тие, бил одговорност на Белата куќа.

И покрај сè, Трамп го нарече говорот „одличен“ и дека добил позитивни критики.

„Можеби го ценеле фактот дека многу малку луѓе можат да импровизираат како што можам јас“, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот