ВИДЕО: По првата еко зона во Центар, се подготвуваат еко зоните и во Карпош и Кисела Вода

Граѓанската организација Гоу Грин во соработка со Швајцарската амбасада и Центарот за развој на Скопски плански регион ја создадоа првата еко зона во Скопје, во рамки на која има смарт клупи со сензори за квалитет на воздух, сензори за притисок на воздух, мерат температура, од сончева енергија собираат струја, имаат бесплатен бежичен интернет и се оплеменети со зеленило.

ВИДЕО: Со смарт клупи и зеленило ќе се подига еколошката свест на младите

Горјан Нацевски од Гоу Грин вели дека изградба на вакви зони се планира и во Кисела Вода и Карпош.

-Главната идеја е да им покажеме на младите генерации дека за голем дел од секојдневните активности можат да користат обновливи извори на енергија. Еко зоните ќе бидат предмет на обуки за млади лица кои ќе ги организираме ние како здружение, со цел да се поттикне повисока општествена свест уште од мала воздраст, рече Нацевски. 

За одржувањето ќе се грижи општина Центар, која што има инсталирано и подземна инсталација за наводнување на зеленилото. На клупите ќе има и простор за рекламирање, а средствата ќе бидат наменети за изградба и на други зони и одржување на истите.  Една клупи чини 10.000 евра, поради што креаторите на еко зоните апелираат да се покаже одговорно однесување, и чувство за чување на предметите од заеднички интерес.

-Не може никој толку пати да уништи колку што ние ќе обновиме, или ќе се обидеме да ги фатиме сторителите. Решение сме да создадеме убави катчиња во градот и ќе успееме во тоа. Квалитетните материјали од кои се изработени клупите, имаат отпор на вандализам и тоа ги прави да бидат толку скапи. Една клупа тежи 600 килограми, и беа користени специјални кранови за да се постават клупите тука. Што значи комплетно крадење би било невозможно. Можни се само минимални оштетувања, така што сакам да ги обесхрабрам сите кои имаат вандалски намери, нагласи горјан Нацевски од Гоу Грин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот