фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

ВИДЕО: Навивачите на Аталанта го навредуваа Влаховиќ, тој им одговори со мајсторски гол во 98 минута

Фудбалерите на Јувентус на гостински терен ја совладаа екипата на Аталанта со 2:0 во натпреварот од 34 коло во Серија А. Екипата од Торино стекна предност во 56 минута од мечот преку Семуел Илинг-Џуниор.

Душан Влаховиќ кој го започна дуелот од клупата, во игра влезе во 65 минута кога го замени Аркадиуш Милик.

Во 91 минута навивачите на Аталанта го навредуваа српскиот интернационалец поради што натпреварот на кратко беше прекинат.

Влаховиќ им одговори на вистински начин откако во 98 минута постигна прекрасен гол за потврда на триумфот на Јуве.

„Старата дама“ после оваа победа се наоѓа на второто место со 66 бодови и е чекор поблиску кон групите на Лигата на шампионите следната сезона, додека клубот од Бергамо е шестопласирана со 58.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот