ВИДЕО: Наставник во Боговиње истепа ученик и го собори на земја во училишниот двор

На видео снимка објавена на повеќе медиуми на албански јазик, се гледа како возрасен човек, за кој се тврди дека е наставник, тепа ученик

Викендов полициски службеници од Полициско одделение Камењане во тетовско Боговиње го лишиле од слобода С.А.(42) по претходна пријава од А.А.(45) од истото село, дека на 05.06.2024 година во дворот од училиштето во селото, физички го нападнал неговиот малолетен син.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На видео снимката која е објавена и на повеќе медиуми на албански јазик, се гледа како возрасен човек, за кој се тврди дека е наставник го тепа ученикот, а потоа го соборува на земја.

Дел од новинарите кои известуваат на албански јазик пишуваат дека се работи за ученик кој има пречки во развојот.


Од СВР Тетово пак, информираат дека случајот е пријавен и во соработа со другите институции ќе се работи на целосно расветлување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот