
ВИДЕО | Наскоро првиот филм во вселената, српскиот актер Биковиќ меѓу главните улоги
Историската „вселенска трка“ меѓу САД и Русија пристигна и во светот на кинематографијата. Имено, руските филмаџии го објавија трејлерот за филмот „The Challenge“ (оригинален наслов на руски јазик „Вызов“), кој официјално стана првиот филм кој беше снимен во вселената во 2021 година, објави „Си-ен-ен“.
Препорачано
Филмот ни ја пренесува приказната на хирургот Зејна (лик кој го игра руската актерка Јурија Пересилд), која треба да му направи операција на срцето на болниот космонаут во вселената, бидејќи тој не е во можност да се врати на Земјата и да ја добие соодветната здравствена нега. Пациентот го игра вистинскиот космонаут Олег Новитскиј.
„Филмот има за цел да ги популаризира руските активности во вселената, но и да ја глорифицира професијата на космонаутите“, вели тимот кој работеше на овој филмски проект.
View this post on Instagram
Актерката Јулија Пересилд и режисерот Клим Шипенко отпатувале во Меѓународната вселенска станица, 250 милји над Земјата, заедно со рускиот космонаут Антон Шкаплеров во октомври 2021 и го снимиле филмот во рок од 12 дена.
Интересно е дека во ова филмско остварување ќе го видиме и познатиот српски актер Милош Биковиќ, кој веќе долги години има успешна актерска кариера во Русија.
Иако „The Challenge“ е првиот долгометражен филм снимен во вселената, ова не е првиот проект кој бил снимен во Меѓународната вселенска станица. Претходно биле снимени неколку документарци и пократки филмови, меѓу кои и документарецот на IMAX од 2002, чиј наратор е актерот Том Круз.
„The Challenge“ ќе почне да се прикажува на 12 април.