Фото: bfm.mk

ВИДЕО: Нашиот боксер Аземи обезбеди најмалку бронза на ЕП во Будва!

Македонскиот репрезентативец Ардијан Аземи обезбеди најмалку бронзен медал на младинското Европско првенство во бокс кое се одржува во Будва (Црна Гора).

Нашиот боксер дојде до успехот дојде после остварената победа во четвртфиналето, информираат од Боксерската федерација на Македонија.

Аземи во категоријата до 91 кг. беше подобар од Дује Гацина од Хрватска со едногласна одлука на судиите.

Ова е голем и историски резултат за македонскиот бокс во младинска конкуренција.

Во вчерашниот ден Илхан Озмен ги заврши настапите по поразот од Ерменецот Вахаг Глустјан (0:5) во категоријата до 64 килограми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!