ВИДЕО | Наполи славеше во дербито во Серија А против Јувентус

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Eкипата на Наполи славеше победа во дербито на колото во Серија А против Јувентус 2:1 и така ја продолжи трката за место во европските купови.

Натпреварот започна офанзивно се создаваа шанси и на двете страни, подобрите во првиот дел ги имаше Јувентус и тоа преку Влаховиќ кој и ја погоди стативата во една прилика. Кога не гостите не ги искористија своите шанси стигна казната на спротивната страна.

Грузиецот Кварацхелија во 42. минута го совлада Војчех Шчесни за водство на Наполи 1:0. Предноста на Наполи беше актуелна се до завршницата.

Федерико Киеза во 81. минута донесе изедначување за клубот од Торино, меѓутоа избраниците на Алегри сепак останаа без бодови.ж

Наполи на две минути пред истекот на регуларните 90 минути доби пенал, Осимен не реализираше, но топката дојде до Распадори кој ја смести во мрежата.

На табелата Интер сега остана со 12 бодови повеќе од Јувентус, но и натпревар помалку. „Нероаѕурите“ на лидерската позиција имаат 69, Јувентус 57, а Милан на третото место 56.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот