Фото: Скриншот/Покемон

ВИДЕО | Најголемата колекција со картички „Покемон“: Браќа имаат 49 илјади примероци, една од нив вреди неверојатни 25.000 фунти!

Браќата Овен и Конер Греј од Велика Британија се сопственици на две ретки картички со покемонот Чаризард од аниме серијата „Покемон“ („Pokemon“), кои засебно вредат до 25.000 фунти, пишува „Мирор“.

Браќата, кои се собирачи на „Покемон“ картички  и имаат 48.339 уникатни примероци, влегоа во Гинисовата книга на рекорди во јули како сопственици на најголемата колекција на вакви картички во светот.

Посебно внимание во нивната колекција се две картички „златна ѕвезда“ Чаризард, откриени во стари спортски чанти на нечие поткровје. Браќата ги пронашле ретките картички на аукција, но дури подоцна ја сфатиле нивната вистинска вредност. Овен откри дека кесите откриени на таванот содржеле „3.000 до 4.000 картички“, вклучувајќи и ретки копии.

„Најдовме две ‘златна ѕвезда’ карти со Чаризард, кои денес вредат од 5.000 до 25.000 фунти засебно. Тие не беа во лоша состојба“, изјави Овен.

Нивната колекција содржи картички на сите јазици освен на холандски.

„Првото издание на холандски е едноставно невозможно да се најде. Ако некој го има, ве молиме да не извести“, рече Конер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот