
ВИДЕО | „Најдобар хорор филм на годината“ – гледачите повраќале и се онесвестувале по вознемирувачките сцени
Новиот хорор филм „Terrifier 2“ ги натера гледачите да повраќаат и да се онесвестат поради интензивна болка и вознемирувачки сцени, а самиот продуцент на филмот издаде предупредување за оние со слабо срце.
Препорачано
Филмот „Terrifier 2“ штотуку излезе во Соединетите Американски Држави и веќе добива пофалби, а заработи и оценка од 91 отсто на Rotten Tomatoes.
Terrifier 2 was awesome. pic.twitter.com/ThVdmtKPeN
— The Bunny ? (@AllieWrestling) October 7, 2022
По гледањето на хорор филмот, гледачите повраќале и паѓале во несвест поради интензивните сцени со крв, а и самиот продуцент сподели предупредување за оние кои имаат послаб желудник и срце.
„Terrifier 2“ ја следи приказната за кловнот Арт кој прогонува тинејџерка и нејзиниот брат на празникот „Ноќта на вештерките“. И покрај насилството и хоророт, филмот доби одлични критики, а некои го нарекоа „најдобриот хорор филм на годината“.
Се наведува дека делови од филмот се толку крвави и насилни што во некои киносали морале да повикаат брза помош бидејќи гледачите се онесвестувале.
Меѓу рецензиите, се наведува дека „Terrifier 2“ подразбира „крвав хаос“ и го окарактеризирале како „веројатно најкрвавиот, најлудиот, најбруталниот хорор филм што ќе го гледате годинава“.
Филмот е прикажан во американските киносали и стана голем хит меѓу љубителите на хорор, но некои споделија приказни за други филмски гледачи кои не уживале толку во филмот.
Еден од гледачите го споделил своето искуство велејќи дека некој зад него во киното се онесвестил, додека слушал други како излегуваат и повраќаат.
Филмот е толку брутален што еден од продуцентите, Стив Бартон, објави предупредување до потенцијалните гледачи на Твитер.
„Овој филм содржи сцени на графичко насилство и брутални прикази на хорор. На гледачите кои се со слабо срце, склони кон вртоглавица или слаб желудник им се советува крајна претпазливост. Веќе имаше бројни случаи на паѓање во несвест и повраќање во киносалите. За оние кои ќе одлучат да продолжат, сте предупредени…“, порачал тој.
We aren’t done yet. Hold on tight. News coming. #terrifier2 #terrifier #arttheclown pic.twitter.com/2r8jYZCVto
— Steve Barton (@UncleCreepy) October 10, 2022