ВИДЕО: На Тајланѓанка и се заканува затвор зашто пријателот и го возел лавот миленик во градот Патаја

фото: Принтскрин/Твитер

Видео од младенче лав како гледа минувачи од задниот дел на автомобилот во Тајланд стана вирално на социјалните мрежи. Лавот го возел маж од Шри Ланка, кој оттогаш ја напуштил земјата, а властите веруваат дека станува збор за пријател на сопственичката на животното, Саванџит Косунгнерн, пишува Би-би-си. 

Иако не е нелегално да се поседува лав во Тајланд, тој мора да биде официјално регистриран. Саванџит рекла дека го купила младенчето од Тајланѓанец во провинцијата Након Патом, кој и го доставил во градот Патаја. Меѓутоа, подоцна се покажало дека службениците не го провериле неговиот објект каде што чува животните, поради што продажбата била нелегална.

Поради нелегалната продожба, Саванџит се соочува со обвинение за нелегално поседување диво животно, што предвидува казна од една година затвор и парична казна до 100.000 бати (околу 2.500 евра).

Властите исто така имаат намера да го обвинат мажот од Шри Ланка за внесување на диво животно на јавно место, што носи затворска казна до шест месеци и парична казна од 50.000 бати.

Следат обвиненија и против човекот кој го продал лавот на Саванџит затоа што го продал животното без дозвола. Официјални лица велат дека моментално во Тајланд има 224 лавови во легална сопственост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот