Хуманоидни роботи на полумаратон во Пекинг: Cns photo, CNSphoto / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | На полумаратон во Пекинг заедно со луѓето трчаа и хуманоидни роботи

Дваесет и еден хуманоиден робот заедно со илјадници луѓе учествуваа на полумаратонот во округот Џиџуанг во Пекинг, што е првпат такви роботи да учествуваат на официјална трка на 21 километар.

Роботите, кои се развиени од кинеските компании како „DroidUP“ и „Noetix Robotics“, беа со различни големини – од 120 сантиметри до 180 сантиметри во висина.

Некои имале човечки карактеристики како што е способноста да намигнуваат и да се насмевнуваат, објави „Ројтерс“.

Роботите беа придружувани од тренери, а некои мораа и физички да ги поддржуваат за време на трката.

Неколку од роботите носеа патики, еден имаше боксерски ракавици, а друг имаше црвена лента на која на кинески пишуваше „Мора да се победи“.

Прв на целта стигна роботот „Tiangong Ultra“ од Пекингскиот иновативен центар за хуманоидна роботика, за време од два часа и 40 минути.

Тоа е повеќе од двојно побавно од човечкиот победник, кој ја заврши трката за еден час и две минути.

„Tiangong Ultra“ е развиен со поддршка на две државни кинески компании, додека останатиот дел од сопственоста го делат компанијата „Xiaomi“ и „UBTech“.

Според главниот технолошки директор на центарот, роботот, благодарение на долгите нозе и напредниот алгоритам, можел да имитира човечко трчање.

За време на трката, неговите батерии беа заменети три пати.

Не сите роботи успешно ја завршија трката – некои паднаа веднаш на стартот, а еден удри во оградата.

Иако хуманоидните роботи претходно учествуваа на маратонски настани во Кина, ова е првпат тие да трчаат покрај луѓето.

Танг Џијан тврди дека следната цел ќе биде да се развијат роботи за работа во фабрики, деловни простории и домаќинства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот