Џек Блек - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | На Џек Блек му паднаа панталоните пред публиката на сред емисија: „Не носев каиш“

Актерот и музичар Џек Блек во понеделникот се појави во “Тунајт шоу“ (The Tonight Show), а уште на почетокот доживеа несреќа која ги насмеа сите во студиото. Водителот Џими Фалон го најави својот гостин, кој влезе во салата свирејќи на гитара.

Блек почна да свири меѓу публиката, а потоа се спушти до бендот. Откако заврши со свирење, се упати кон Фалон. Тогаш пред сите му паднаа панталоните под кои носеше шарени боксерки. Фалон почна да се смее, како и публиката, а на Џек изгледа воопшто не му пречеше.

Откако го прегрна водителот, Блек ги облече панталоните и почна заводливо да ги тресе колковите, а исто така го изведе и својот препознатлив карате удар.

„Носиш топлината. Носиш енергија!”, рекол Џими, а Џек се пошегувал: „Не понесов каиш. Тоа е она што не понесов“.

Инаку, Блек моментално го промовира својот нов филм „Мајнкрафт“ (Minecraft), кој ќе се појави во кината во петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!