ВИДЕО | МВР трага по него: Таткото на тепаното дете во Кочани се заканува со оружје

Фото: Цивил Медиа

Откако пред два дена група на граѓани извршија физичко насилство врз дете во Кочани во населбата „Трајаново Трло“, вчера таткото на детето со пиштол и нож во рацете преку видео на социјалните мрежи упати сериозни закани, објави Цивил медиа.

– Парче по парче ќе ги исечам, ќе ги дробам, макар цел живот да завршам во затвор, вели таткото на тепаното момче, во краткото видео што се споделува на социјалните мрежи.

Од МВР за ЦИВИЛ Медиа велат дека го идентификуваа лицето кое се заканува со пиштол и нож, односно дека се работи за таткото на тепаното дете во Кочани и дека трагаат по него.

– Лицето од видеото е А.И. (36) од Кочани, татко на детето врз кое на 11.4.2021 во место викано „Трајаново трло“ беше извршено насилство од страна на повеќе лица. Од преземените оперативни мерки дојдено е до сознание дека А.И. не е на територијата на Република Северна Македонија и се преземаат мерки и активности за негово обезбедување. За настанот е запознаен Јавен обвинител и се работи на писмено документирање, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Имено, на снимката која стана вирална на социјалните мрежи се гледа како жителите на „Трајаново Трло“ физички малтретираат малолетно 10-годишно дете кое наводно го фатиле во кражба. Се слуша и како детето плачејќи ги моли да го однесат кај мајка му, но наместо тоа, тој добива клоци, шамари и тупаници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот