ВИДЕО | „Мојот свет“: Раста доби емотивна гласовна порака од ќерка му Тара

Фото: Интаграм

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста (34) ја има шестгодишната ќерка ќерка Тара, која ја доби за време на бракот со пејачката Ана Николиќ (45). Оваа двојка беше во брак две години – од 2016 до 2018 година.

Иако нивниот однос беше прилично турболентен, тие се посветени родители на својата ќерка.

Фото: Инстаграм

Раста сега објави симпатично видео на својот тикток-профил, на кое може да се чуе една од многуте гласовни пораки кои тој си ги разменува со својата ќеркичка.

„Таа е целиот мој живот“, вели музичарот на почетокот од видеото, пред да ја пушти емотивната гласовна порака.

„Тато, те сакам. Многу“, вели малечкото девојче во пораката до својот татко.

„Преслатко“, „Тара е вистинско срце“, „Ме разнежнивте“, се дел од коментарите на видеото.

@.stefanrasta #fyp #stefanrasta #foryoupage ♬ Moj ceo svet – 🎅🏻-ꪜꪖꪀꫀ𝘴ꪖ-🎅🏻

Искрено со Раста: Во ладната ќелија во затворот сфатив дека го изгубив животот, а најтешко ми беше да ја прегрнам ќерка ми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот