
ВИДЕО: Минесота поведе против Денвер во полуфиналето на Западот
Минесота тимбервулфс синоќа во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата го совлада бранителот на титулата Денвер нагетс со 106:99 и поведе со 1:0 во серијата од четири победи.
Препорачано
Ентони Едвардс во победничките редови постигна 43 поени, а Карл-Ентони Таунс додаде 20 поени.
На спротивната страна српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше најефикасен со 32 поени, Мајкл Портер Јуниор запиша 20, а Џамал Мареј 17 поени.
Последната четвртина беше изедначена на стартот, но „Волците“ ја направија разликата во последните пет минути. Прво, Едвардс погоди тројка за водство на Тимбервулфс, а потоа Рид погоди неколку тројки, реализација и забивање за водство на Минесота од 94:88 на четири минути и 20 секунди до крајот на натпреварот.
Јокиќ потоа уфрли кош и слободно фрлање, но Тимбервулфси држеа сè под контрола. Гобер и Едвардс забележаа поени, потоа Портер направи прекршок во нападот, а Едвардс реализираше во кошот и на минута и пол до крајот го зголеми резултатот на 102:91.
Јокиќ со тројка ја намали негативата на Денвер на 102:96, но веќе беше предоцна за евентуален пресврт. Вториот натпревар од оваа серија ќе се игра во понеделник навечер во Денвер.