Фото. EPA-EFE/Gabriele Menis

ВИДЕО | Милан против Удинезе ја прекина серијата без победа, натпреварот остана во сенка на судирот на Мањан и Хименез

Eкипата на Милан по три натпревари без победа вечерва ја прекина серијата и на гости го совлада Удинезе со убедливи 0-4.

Оваа победа за Милан е најубедливата сезонава надвор од својот стадион. Не доминираа „росонерите“ толку колку што покажува резултатот, но ги искористија своите шанси и на крајот заслужено ги освоија бодовите.

Клучен период веројатно беше финишот од првиот дел кога Леао и Павловиќ обезбедија предност за избраниците на Консеисао од 0-2 на паузата. Во второто полувреме Ернандез и Рејндерс ги обезбедија конечните 0-4.

Натпреварот помина и во сенка на судирот на голманот Мањан и Хименез поради што францускиот голман мораше да биде изнесен на носилки.

Милан и покрај победата не успеа да направи прогрес на табелата и остана на деветтата позиција со шест бода помалку од Болоња, Удинезе е две места подоле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот