Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | „Ми се оди дома, сакам да се одморам“: Прваче од Хрватска си ги кажа маките, па стана вистински хит на интернет

Момче кое се појави на хрватската телевизија РТЛ ги освои симпатиите на регионот со својата изјава, а се чини дека момчето од Далмација навистина не сака да оди на училиште.

Видеото беше објавено на инстаграм-профилот на телевизијата и за еден ден собра повеќе од 80 илјади лајкови. Момчето воодушеви многумина со својата искрена реакција на првиот ден од училиштето.

„Ми се оди дома, би сакал да се одморам“, рекол малиот Давид Кунац, ученик во прво одделение во основното училиште Бијаќи во Каштел Нови.

„Би сакал да се одмориш? Дали веќе ти е тешко? Дали имаше многу домашни задачи денес?“, го прашала новинарката.

„Не, само ми се спие“, одговорило момчето.

„Дали ќе ти недостига летото, пливањето, спиењето до доцна тогаш?“, го прашала новинарката.

„Нема да ми недостига, само сакам да спијам“, заклучило слаткото момче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RTL DIREKT (@rtldirekt)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот