ВИДЕО: Меси испишува историја во САД, двоен асистент за ново финале со Интер Мајами

фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Фудбалерите на Интер од Мајами се пласираа во ново, второ финале откако во нивните редови стигна Лионел Меси.

Интер го совлада Синсинати на пенали со 5:4, во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 2:2, а 3:3 по продолженијата во полуфиналето на УС Опен купот.

Аргентинецот Меси овојпат не се запиша во листата на стрелците, но двапати беше асистент во головите на еквадорскиот интернационалец Леонардо Кампања.

Клубот од Мајами во финалето на ова натпреварување ќе игра против Хјустон Дајнамо кој славеше против Реал Солт Лејк по двете продолженија со 3:1.

Потсетување Интер Мајами неодамна го освои КОНКАКАФ Лига купот, својот прв трофеј во историјата, а на 27 септември би можел да дојде до нов пехар со Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот