Фото: Screenshot

ВИДЕО: Медведев повторно беснееше – на чекор беше од сензационален пресврт

Рускиот тенисер Данил Медведев на шокантен начин ја заврши својата грен-слем сезона, откако беше елиминиран уште во првото коло на САД Опен, губејќи од Французинот Бенжамен Бонзи по вистинска маратонаска битка која траеше речиси четири часа.

Бонзи славеше со 3-2 во сетови (6-3, 7-5, 6-7, 0-6, 6-4), но мечот понуди драматични пресврти и неочекувани ситуации какви што ретко се гледаат на вакво ниво.

Французинот имаше меч-топка уште во третиот сет и изгледаше како да ќе го реши мечот рутински, но тогаш се случи вистински хаос. По промашениот прв сервис, еден фотограф помисли дека мечот е завршен и влезе на теренот. Судијата Грег Аленсворт донесе контроверзна одлука и му додели нов прв сервис на Бонзи. Тоа го разбесни Медведев, кој влезе во расправија со судијата и со публиката, па натпреварот беше прекинат шест минути.

Од тој момент, Медведев целосно се разбуди, освои неверојатни десет гема по ред и од 0-2 во сетови израмни на 2-2, носејќи го мечот во решавачки петти сет. Но таму следуваше нова драма. Бонзи два пати губеше свој сервис, но исто така направи и два рибрејка, за на крајот, во десеттиот гем, да го искористи падот на Медведев и да го освои мечот.

Со оваа победа, Французинот обезбеди пласман во второто коло, каде ќе се соочи со Американецот Маркос Гирон, кој во пет сета беше подобар од Аргентинецот Навоне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот