Фото: EPA/FABIO FRUSTACI

ВИДЕО | Меч на сезоната во Серија А – Лацио се спаси со пенал во 103 минута на „Олимпико“

Фудбалерите на Лацио и Торино денеска одиграа спектакуларно реми 3:3 на стадионот „Олимпико“ во Рим во рамките од шестото коло во најсилниот италијански шампионат.

Гостите поведоа во 16 минута од натпреварот со голот на Џовани Симеоне.

Лацио го сврте мечот во своја корист пред полувремето преку Матео Канселиери, кој постигна голови во 24 и 40 минута.

Резервниот играч Че Адамс го израмни резултатот во 73 минута, а Саул Коко постигна уште еден гол во втората минута од судиското продолжение за водство од 3:2 на „биковите“.

Торино не успеа да ја задржи предноста, во 103 минута Лацио стигна до бод од пенал кој го реализираше Каталдо.

Во истиот термин, Лече ја победи Парма на „Енио Тардини“ со минимален резултат 1:0 со погодокот на Сотил во 38 минута по асистенцијата на Гало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот