
ФОТО+ВИДЕО | Маж живее со две жени: Заедно спиеме и нема љубомора меѓу нас
Алана Андервуд (25) и нејзиното момче Кевин (32) имале тригодишна врска кога девојката му открила дека би сакала да експериметира, односно дека би сакала да проба однос и со девојка, пишува „Дејли стар“.
Препорачано
Кевин ја прифатил идејата и веднаш се впуштиле во потрага по девојка која би била заинтересирана за таква комбинација – да биде во врска со нив. По некое време, Меган (35) почнала да живее со нив во Санта Ана, Калифорнија.
View this post on Instagram
Денес, три години подоцна, тие тројца спијат во заеднички кревет и „постојано си ги ротираат местата, за секој да спие во средината на креветот одвреме-навреме“.
„Алана и јас бевме заедно три години кога таа ми спомна дека е љубопитна за бисексуален однос. Таа ме праша дали сакам да ѝ се придружам на тоа ‘патување’. Меган ја најдовме на апликација за состанување. Вака функционираме три години“, изјави Кевин за утринската емисија „This Morning“.
View this post on Instagram
„Бидејќи првпат пробавме вакво нешто, јас бев нервозна“, продолжи Алана.
View this post on Instagram
Тројката тврди дека меѓу нив нема љубомора.
„Сите тројца сме искрено заљубени , а нашата динамика на функционирање е одлична кога сме заедно. Среќна сум“, рече Меган.