Фото: Промо

ВИДЕО | Мартија Станојковиќ објави видеоспот за новата песна, слушнете ја „Феномен“

Младата пејачка Мартија Станојковиќ пред неколку дена ги збуни своите следбеници на социјалните мрежи со неколку фотографии кои ги објави. Имено, Мартија позираше со гол грб на кој беа испишани неколку различни реченици, но без да прецизира која е причината за тоа.

Но, вчеравечер Мартија на сите музички платформи и социјални мрежи ја објави својата најнова песна со наслов „Феномен” и наиде на бура од позитивни коментари. Како за песната, така убави коментари се пишуваат и за видеоспотот.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, Мартија овојпат соработуваше со еден од нашите најплодни музички продуценти, Лазар Цветкоски, додека пак текстот е дело на неговата сестра Ена Цветкоска.

„Морам да истакнам дека сум презадоволна од продуктот кој го добивме на крај. Лазар и Ена максимално се посветија и финалниот производ го слушате и го гледате. Ме радува што читам позитивни коментари и што добивам постојано пораки дека им се допаѓа песната”, истакна младата пејачка.

Мартија сними и видеоспот и тоа повторно со истиот тим со кого го работеше спотот снимен во Дубаи за песната „Анатомија“, поточно со режисерот Ризи Рејн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот