Фото: Борна Хржина

ВИДЕО | Марија, поранешната членка на „Фрајле“, ја претстави својата нова песна

Пејачката Марија, поранешна членка на познатата женска група „Фрајле“, ја претстави својата прва песна „Пожури, пожури“.

Марија е правничка која само неправдата може да ја исфрли од колосек, но затоа гитарата и дружбата со пријателите ја носат низ животот. Пишува песни, свири и пее. На прашањето дали би била дур или мол, без размислување одговара дур.

Некои од најпознатите теми на „Фрајле“ ги потпишува токму Марија или Макица, како што на нарекуваат пријателите. За своите дела добила и бројни награди, ја освојувала фестивалската публика и заземала први места на топ-листите, а албумите на кои е нејзиниот авторски печат се вбројувани меѓу најдобрите во Хрватска и регионот.

Марија сега гради соло кариера, а неретко се вљубува во своите песни, па сака да ги чува само за себе. Нејзината нова композиција, за која текстот го потпишува Алка Вуица вредела да се чува. Како што вредело и одењето до Венеција каде е снимен спотот о режија на Сандра Михаљевиќ.

Поранешната членка на „Фрајле“ пред осум месеци, а после 12 години поминати во групата, реши да се впушти во соло водите.

За новата песна вели: „Во прашање е балада, но малку поинаква… Многу го сакам медитеранскиот призвук, медитеранскиот поп. Ова е токму она што го сакав – да биде и метирански и модерно.“

Освен од првата песна Марија е задоволна и од спотот, а за снимањето вели дека поминало во одлична атмосфера.

„Малку се забавуваме, малку работевме, малку патувавме“, вели Марија која песната ја направила летово, но решила да не ја даде некому, туку сама да ја отпее.

„Постојано ја потпевнував, едноставно ми „влезе во уво“ и долго размислував за неа. Алка Вуица ми рече дека е најдобро сама да ја отпеам. Секогаш кога правам песна размислувам за тоа кој најдобро ќе ја изнесе, па така размислувам и кога сум самата во прашање. Дали ќе застам зад песната“, вели Марија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот