Фото: Принтскрин/ Инстаграм

ВИДЕО | Мараја Кери ѝ се потпиша на градите на Ријана за време на последниот божиќен концерт: „Ова е епско!“

Сè што Ријана сака за Божиќ е автограм од Мараја Кери.

Мараја Кери го одржа последниот концерт од нејзината турнеја „Christmas Time“ во вторникот во центарот „Барклис“ во Њујорк. Најинтересен момент вечерта беше специјалната гостинка во публиката, Ријана, која по концертот побара автограм од Мараја Кери и тоа не било каде, туку на градите, пренесе „Пејџ сикс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JASON LEE (@theonlyjasonlee)

„Сакам потпис. Кој има фломастер? Потпиши ги моите гради “, ѝ рекла 36-годишната Ријана на 55-годишната Мараја Кери додека се пробивала низ фановите, како што се гледа на видеото кое кружи на социјалните мрежи.

Мараја Кери потоа зела црвен маркер и го напишала своето име на градите на Ријана. Во тој момент Ријана го зеде микрофонот и ја извести публиката „Марија Кери ми се потпиша на градите!. Ова ср**е… е е**но… епско!“. Ријана потоа се сврте кон камерата и го покажа автограмот што го доби, по што двете пејачки ѕвезди се прегрнаа.

Последниот настап на Мараја Кери беше и нејзиното враќање на сцената откако се зарази со грип претходно овој месец.

Кери ја започна својата турнеја во ноември и се најде на насловните страници минатата недела поради нагло откажување на концертите во Пенсилванија, Њу Џерси и Њујорк поради здравствени проблеми. „Питсбург, жал ми е што го кажувам ова, но имам грип. Срцето ми се крши што за жал морам да го откажам вечерашниот настап“, напиша пејачката преку социјалната платформа Икс на 11 декември. Два дена подоцна, таа ги откажа настапите во Њујорк и Белмонт Парк затоа што „сè уште беше болна“.

Оваа година, Кери ја прослави и 30-годишнината од нејзиниот значаен празничен албум „Среќен Божиќ“, на кој се наоѓа „All I Want for Christmas Is You“. На 9 декември таа го најави објавувањето на лимитираното луксузно издание на албумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот