Мал авион ја промаши пистата во Тексас, па удри во автомобил / Фото твитер

ВИДЕО | Мал авион ја промаши пистата во Тексас, па удри во автомобил

Мал авион се излизгал преку пистата при слетување на аеродром во Тексас, пред да удри во автомобил кој поминувал на блискиот пат.

На видеото направено од пилотот Џек Шнајдер се гледа како авионот удира низ ограда и удира во автомобил.

„Го видов авионот како лета преку пистата и знаев дека нема да има време да застане. Очигледно одеше премногу брзо, гумите му чадеа“, изјави Шнајдер за локалната телевизија.

Возачот на автомобилот со полесни повреди е пренесен во болница, додека двете лица во авионот не се повредени. Федералната управа за авијација ги истражува причините за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот