фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ВИДЕО | Мајсторијата на Пешевски во Топ 5 голови на колото во ЛШ

Данскиот вицепрвак ГОГ Гудме го надигра македонскиот првак Еурофарм Пелистер во третото коло од ЕХФ ракометната Лига на шампионите, со аплауз и со два бодови замина од Битола.

На овој дуел пивотот на битолскиот тим, Жарко Пешевски трипати се запиша во листата на стрелците.

Еден од погодоците на нашиот репрезентативец се најде во Топ 5 најубави на колото во ЛШ во изборот на ЕХФ.

Пешевски го има петтиот најубав гол, а по него следуваат Абделрахман Абду (ПСЖ), Сергеј Марк Косоротов (Висла Плоцк), Јури Кнор (Алборг) и Леополд Ноам (Нант).

Во следното четврто коло од групната фаза Еурофарм Пелистер гостува кај Висла Плоцк на 8 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот