Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Мајли Сајрус го снимила спотот во вилата во која поранешниот ја изневерил со 14 жени

Песната наречена „Flowers“ Мајли Сајрус ја објави на роденденот на нејзиниот поранешен сопруг, актерот Лиам Хемсворт (33) и зборува за нивниот неуспешен брак и пропаднат однос. Исто така, обожавателите ширум светот во песната забележале повеќе „мали“ детали поврзани со поранешниот…

Рефренот на песната многу потсетува на хитот на Бруно Марс (37) од 2012 година, „When I Was Your Man“, кој Лиам ѝ го посвети на Мајли во текот на нивната врска.

Спотот за песната наводно е снимен во вилата во која актерот ја изневерил пејачката со повеќе од 14 жени додека биле во брак.

Ова е гласина која никаде не е потврдена, но стана вирална на Твитер кога ја објави популарниот профил „Pop Tingz“. Објавата досега е прегледана повеќе од 4,6 милиони пати, а има над десетина илјади лајкови и коментари.

Објавата на Твитер во која беше споделено дека Лиам ја изневерува Мајли со повеќе од 14 жени ја коментираше и актерката Џулија Фокс (32), која беше изненадена од големиот број жени.

– 14? – напиша накратко таа.


Мајли Сајрус не ги коментираше ваквите гласини, а не се огласи ниту нејзиниот поранешен партнер Лиам.

Песната „Flowers“ досега има повеќе од 55 милиони прегледи на Јутјуб и ги освои светските топ листи.

ВИДЕО | По Шакира, Мајли Сајрус објави нова песна на роденденот на поранешниот сопруг

ФОТО | Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот