
ВИДЕО | Во првото интервју по 9 години Мадона ги откри најмрачните моменти од животот: Борбата за синот, силувањето и загубата
Кралицата на поп-музиката даде интервју за првпат по осум години, беше гостинка во поткастот на Џеј Шети и јавно зборуваше за болката, загубата и помирувањето и духовната димензија.
Препорачано
Беше чудно да се гледа Мадона (67) во нејзиното прво појавување во поткаст – сосема искрена, отворена за секое прашање, ранлива… Кралицата на поп-музиката отсекогаш изгледала како супержена, имуна на болката и страдањето на „обичните“ луѓе, но во понеделничкото емитување на емисијата „On Purpose “ на Џеј Шети, таа ја симна јавната маска што ја носеше со децении.
Седумкратната добитничка на Греми во поткастот зборуваше за несовпаѓањето помеѓу нејзиниот јавен и личен имиџ и постојано повторуваше како Кабалата (древна еврејска мистична традиција која се обидува да објасни како е создаден универзумот и како божествената енергија тече во него) и фактот дека таа има силна духовна димензија ѝ го спасиле животот, особено кога се справуваше со најлошата болка во нејзиниот живот за време на повеќемесечната битка со нејзиниот поранешен сопруг, режисерот Гај Ричи, како и за старателство над нивниот син Роко.
„Веројатно еден од најтешките моменти во мојот живот, кога искрено не можев да ја видам шумата од дрвјата, беше кога водев битка за старателство над мојот син“, рече Мадона.
Гостувањето во поткастот на Џеј Шети откри многу за интимниот живот на поп-дивата.
Таа додаде: „Мојот брак не успеа – мислам, многу бракови не успеваат. Луѓето се мажат за погрешни луѓе, тие не се компатибилни, не се еден за друг. Но, кога некој се обиде да ми го одземе детето, се чувствував како да се обидува да ме убие. Така се чувствував во тој момент.“
Во времето на тој болен развод, Мадона беше на турнеја, што процесот го отежна уште повеќе.
„Морав да одам на сцена секоја вечер. А пред тоа, само лежев на подот од мојата гардероба и плачев. Навистина мислев дека е крај на светот. Не можев да го поднесам тоа. Едноставно не можев“, рекла таа, додавајќи дека ако некој ѝ кажал тогаш дека денес ќе биде пријателка со нејзиниот син, немало да му верува.
Болката беше уште поголема бидејќи Мадона ја поврзала оваа загуба со загубата на нејзината мајка: „Ја загубив мајка ми, а потоа и моето дете ми беше одземено“.
На почетокот на декември 2015 година, Мадона и Ричи, 57, се вклучија во осуммесечна битка за старателство над нивниот тогаш 15-годишен син, Роко, кој престана да патува со својата мајка на нејзината турнеја „Rebel Heart“ и одлучи да живее со својот татко во Обединетото Кралство. Поранешната двојка ја реши правната битка во јуни 2016 година.
Судот пресуди дека Роко ќе остане во Велика Британија со својот татко и ќе оди на училиште, а воедно ги повика родителите да го решат спорот вонсудски. Мадона има шест деца: Лурд (28), Роко (25), Дејвид (20), Мерси (19) и близначките Стела и Естер (13) , за кои таа откри во подкастот дека некои од нив, без да прецизира кои, ја изучуваат Кабалата.
Кралицата на поп-музиката зборуваше и за сепсата што речиси ја уби, за нејзината борба за живот во 2023 година, кога четири дена беше поврзана со апарати за одржување во живот во болницата, како и за други удари на судбината, како што е врската со нејзиниот брат.
Братот и сестрата се отуѓиле откако Кристофер ја објавил својата автобиографија „Животот со мојата сестра Мадона“ во 2008 година и не разговарале со години.
„Тој беше болен, дојде кај мене и ми рече: „Ми треба твојата помош“. И во тој момент си помислив: „Дали ќе му помогнам на мојот непријател?“ Така се чувствував во тој момент.“ Сепак, таа му простила и му помогнала.
„Беше како да ми се симна огромна тежина од грбот, како да ми се симна тежината што ја носев. Беше како да можев да го оставам багажот и конечно да бидам во иста просторија со него, да го држам за рака – дури и ако умираше – и да кажам: „Те сакам и ти простувам“. Тоа беше навистина важно за мене“, рече таа во поткастот.
Таа му откри и на Џеј Шети дека била силувана, не зборувајќи повеќе за темата, но нагласувајќи дека ја надминала таа болка, како и сите други што ѝ ги донел животот, со помош на кабалата.
Во продолжението на епизодата, Мадона – подоцна придружувана од нејзиниот учител по кабала, Еитан Јардени (заедно тие започнуваат нов курс „Мистични студии на Зохар“ на 29 септември) – исто така призна дека некогаш била „роб или жртва на туѓите мислења за себе“.