ВИДЕО | Лоша вечер за Барселона: Ремизираше со Билбао и остана без Де Јонг и Педри

Фото: EPA-EFE/Luis Tejido

Екипата на Барселона пропушти прилика да ја намали предноста во однос на Реал Мадрид и одигра само реми без голови во вечерашниот натпревар против Билбао.

Вечерашниот натпревар на „Сан Мамеш“ не понуди многу возбудувања и помина во знакот на тактичкото надмудрување на двајцата тренер. Освен што не победи, лоша вест за Барселона се и повредите на Френки Де Јонг и Педри.

Холандскиот играч за врска при еден пад го повреди зглобот и беше заменет уште во 26. минута. Пред крајот на полувремето се повреди и Педри, веројатно потешко. Младиот фудбалер натпреварот го напушти во солзи.

Натпреварот не донесе многу шанси, Кансело имаше еден солиден обид за Барселона, додека на другата страна се обиде Дени Гарсија. Со ова реми сигурно позадоволни се во Атлетик кој е петти со 50 бода, додека Барселона има 58 на третото место.


Каталонците со победа имаа можност и да ја прескокнат Жирона на втората позиција. Во натпреварот кој се играше нешто порано Жирона беше поразена со 1:0 од Мајорка, но остана пред Барселона со еден бод повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот