
ВИДЕО | Ливерпул математички ја обезбеди титулата во Премиер лигата
Фудбалерите на Ливерпул и математички ја обезбедија титулата во Премиер лигата откако го победија Тотенхем дома со 5:1 (3:1) на домашен терен во 34 коло од натпреварувањето.
Препорачано
Ливерпул ја освои 20 титула во елитниот ранг на Англија во својата историја, израмнувајќи се со Манчестер јунајтед. Зад нив се Арсенал (13), Манчестер сити (10), Евертон (9)…
Овој рекорд ги вклучува сите титули во највисоката лига на Англија, без оглед на точното име на натпреварувањето, а што се однесува до Премиер лигата (од 1992 година), ова е втор трофеј на Ливерпул, додека Јунајтед е прв со 13.
Екипата на Арне Слот со оваа победа стекна предност од „плус 15“ бодови пред Арсенал на четири кола до крајот, што е недостижна предност за „топџиите“.
Иако гостите поведоа со голот на Соланке во 12 минута, следуваше пресврт на „Црвените“ кој го почна Дијаз во 16 минута.
Мекалистер стрелаше во 24 минута за 2:1, потоа за 3:1 се погрижи Гакпо, во 63 минута и Салах се запиша во листата на стрелците, а конечниот епилог беше поставен во 69 минута по автоголот на Удоџи.
По четири сезони, Ливерпул се враќа на тронот на Англија и на брилијантен начин ја прекина доминацијата на Манчестер Сити.
🏆 LIVERPOOL ARE CHAMPIONS! 🏆 pic.twitter.com/FLi2MqaWJD
— Premier League (@premierleague) April 27, 2025