
ВИДЕО | Лејкерс го победи Њу Орлеанс, Леброн Џејмс стана првиот играч со 50.000 поени во НБА
Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс на домашен терен го совладаа Њу Орлеанс пеликанс со 136:115, а натпреварот го одбележа домашниот тим Леброн Џејмс кој стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој постигнал 50.000 поени во регуларниот дел од сезоната и плеј-офот.
Препорачано
Пред мечот против Њу Орлеанс, Џејмс имаше 49.999 постигнати поени. Најдобриот играч на ЛА Лејкерс натпреварот против Њу Орлеанс го заврши со 34 поени и стигна до 50.033 постигнати поени во регуларниот дел од сезоната и во НБА плејофот.
Зад Џејмс е поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Карим Абдул-Џабар, кој постигна вкупно 44.149 поени.
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ на дуелот против Њу Орлеанс забележа 30 поени, 15 асистенции и осум скока. Во тимот на Њу Орлеанс најдобар беше Зајон Вилијамсон со 37 поени, шест асистенции и четири украдени топки.
ЛА Лејкерс се на второто место во западната конференција на НБА со 39 победи и 21 пораз, додека Њу Орлеанс е на 14. место со скор 17-45.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
37мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5