Убиство во Велес / Фотоколаж: „Слободен печат“

ЛДП бара итно воведување електронски нараквици за насилниците: Трагедијата на Росица да биде последна

Либерално демократската партија бара итно да се воведат електронски нараквици за насилниците, по ужасната трагедија во Велес, кога Росица и нејзиниот татко беа брутално убиени од Илија Стефановски. Од партијата порачаа оваа трагедија да биде последна.

„Доколку измените поднесени од страна на нашата пратеничка и претседателка, Моника Зајкова во овој момент беа на сила, насилникот ќе носеше електронска нараквица, а денес Росица и нејзиниот татко сѐ уште ќе беа живи“ изјави Цветанка Геговска, членка на Извршен одбор на ЛДП.

Таа објасни дека електронската нараквица ќе ја предупредува жртвата доколку насилникот се приближи 100 метри до неа и ќе го зголеми степенот на нејзина безбедност и заштита.

Од ЛДП ги повикаа сите пратеници, без разлика на нивната партиска, етничка или верска припадност, да гласаат за измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, да ја воведат електронската нараквица и да се стави крај на овие тажни и девијантни појави во нашето секојдневие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот