ВИДЕО | Лазаревска: Влогот во науката е инвестиција во иднината

Жаклина Лазаревска / Утрински брифинг
Жаклина Лазаревска / Утрински брифинг

Синоќа пратениците го продолжија времетраењето на прогласените кризи – енергетска, ковид и мигрантската, а денес продолжува со расправа по Буџетот за 2022 година. Опозивцијата е незадоволна оти смета дека не се прифатени доволен број нејзини амандмани.

Паралелно во Собранието работи Комисијата за труд и социјална политика на Законот за недела неработен ден. Работодавачите реагираат дека ќе имаат поголеми трошоци кои може да доведат до отпуштање на работници.

-Законот не е донесен туку така туку во консултација со работодавачите. Нема да генерира отпуштање, а бенефитите ќе ги користат 92 отсто од вработените, додека за оние кои работат во дејности во кои е суштински работењето во недела е уредено бенефит да имаат и работниците и државата, вели пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ.

Во врска со буџетот таа вели дека има 1,1 милијарда повеќе за подобрување на студентскиот стандард на студенти во сите категории. Освен тоа издвоени се средства за изградба и реконструкции на училишта и спортски сали, како и зголемување на средства за енергетска ефикасност на студентските домови. Во сферата на науката се предвидени 400 милиони денари за зголемување на инвестиции во науката и истражувањата.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот