Фото: Профимедиа

ВИДЕО | Латино дивата не може да се соземе: Разводот ја „уби“, а сега и кариерата ѝ пропаѓа

Џенифер Лопез минува низ тежок период и изгледа како да не може да се закрепне од ударите кој ѝ ги нанесе животот. Имено, новиот филм на Џенифер „Бакнежот на жената-пајак“ (Кiss of the Spider Woman) беше добро прифатен на филмскиот фестивал „Санденс“, но и покрај тоа, таа сè уште е повредена од неодамнешните неуспеси во филмската индустрија.

Иако „Бакнежот на жената-пајак“ доби почесна номинација, ѕвездата е бесна поради тоа што е номинирана за „Златна малина“, награда која се доделува на најлошите достигнувања во кинематографијата. Џенифер беше номинирана за најлоша актерка за улогата во филмот „Атлас“.

 

Според извор близок до Џенифер Лопез, уште еден удар за нејзиното его била реакцијата на критичарите на нејзиниот автобиографски филм „Тоа сум јас… Сега“ (This Is Me … Now) а поради слабата продажба на билети, таа морала да ги откаже своите премиери. Во таа прилика изјавила дека само сака да поминува повеќе време со своите деца.

„Џенифер навистина лошо го доживуватоа. Во овој момент, таа се чувствува како да не може да се одмори. Изминатата година беше убедливо најтешката во нејзиниот живот“, изјавил изворот.

Таа се разведе од Бен Афлек минатата година, а неодамна го финализираше разводот. Исто така, медиумите претходно објавија дека Џеј Ло, и покрај нивната разделба, презема стратешки чекори за да остане блиску до Афлек и емотивно и физички.

„Џенифер се однесува како да ѝ е удобно со оваа нова фаза во нејзиниот живот, но сепак е многу заљубена во Бен. Таа, исто така, сака да го одржи пријателството со Бен и замислува дека ќе имаат блиски односи како тој со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер“, пренесува „Супержена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот