ВИДЕО| Лајчак пристигна на Косово, продолжува блокадата на Бањска кај Лепосавиќ

Косовска полиција/ Фото: МИА

Влезот преку граничниот премин Јариње во Косово од Србија е блокиран. Според косовските медиуми дозволен е само излез  од Косово но не и влез од Србија.

Од утринава состојбата на северот на Косово е тензична, а Приштина испрати специјалци на Косовската полиција кои се концетрирани на влезот во село Бањско кај Лепосавиќ каде утринава беше убиен еден косовски полицаец , а уште еден беше ранет во напад на засега непознати и маскирани лица

Граничниот премин Јариње / фото:ЕПА

Косовската полиција соопшти дека синоќа во 2 часот и 34 минути  единицата за брза интервенција  на влезот во Бањска забележале два камиони без регистарски таблички, а влезот во ова село преку мостот бил блокиран.

Кога на ова место пристигнале единиците од станицата Звечан, како што наведоа, „наишле на отпор“, биле застрелани двајца полицајци, а еден им подлегнал на повредите.

КФОР / Фото: Архива

Припадници на американскиот КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен откако рано изутрината еден припадник на полицијата на Косово е убиен, а уште еден е ранет во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањско во Лепосавиќ, во северно Косово.

Фото: Курир.рс

Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на Фејсбук информира дека околу 3 часот по полноќ била нападната косовската полиција во Бањска, а како последица на нападот полицискиот наредник А.Б. е убиен, додека ранет е уште еден граничен полицаец.

Курти вели дека истрелите од огнено оружје продолжуваат и натаму утрово. Тој го обвини официјален Белград дека е одговорен за нападот кој, според него, е насочен против косовската држава.

Вјоса Османи, претседателка на Косово/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовската претседателка, Вјоса Османи изјави дека денешниот напад врз косовската полиција во северно Косово, во кој е припадник на полицијата е убиен, а уште еден е ранет, е „испланиран, оркестриран и изведен од српските криминални банди“.

По инцидентот, таа, како што соопшти нејзиниот кабинет, ги прекинала сите активности во рамки на официјалната посета на Њујорк и веднаш ќе се врати во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот